ЕХФ го казни Манасков еден натпревар

 
Дисциплинската комисија на ЕХФ го суспендира левото крило на Металург, Дејан Манасков поради исклучувањето на натпреварот со Брест Мешков.
 
Левото крило на македонскиот шампион нема да настапи на средбата против екипата на Загреб, в сабота, во третото коло од Лигата на шампионите.
 
- Тоа е голем хендикеп за нашата екипа, која на таа позиција го има уште само Гоце Ојлески, соопштија од тимот од Автокоманда.
 
Истата казна ја доби и иницијаторот на инцидентот, играчот на Брест Мешков Растко Стојковиќ.
09.10.2014 - 18:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега