Триесет дена притвор за екс-директорот на Кардиологија во Скопје
Македонскиот кардилог Борче Петровски кој утрово беше уапсен во Косово доби 30-дневен притвор. Тој беше уапсен заедно со уште 8 доктори како и вработени во Министерството за здравство, а мерката притвор е одредена за сите уапсени.
Обвинетите се сомничат за учество во криминална група, за давање и примање на поткуп и злоупотреба на службените овластувања. Според обвинението, двете приватните болници „Интермед“ и „ Интернационална болница“ биле бенефицирани, бидејќи иако не бил распишан тенедер, кај нив биле испраќани пациенти за кои трошоците се покривале од буџетот. Биле наплатувани и третмани како што е на пример коронографијата која се извршува и во универзитетската клиника во Приштина.
На информативен разговор биле повикани и министерот за здравство на Косово како и секретарот во министерството.
Според обвинението, некои од групата примале мито од менаџерите на двете приватни клиники за да испраќаат пациенти кај нив.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа