Алачки скршена од болка - нови детали за сообраќајката
Познатата фолк пејачка Адријана Алачки имаше страотна сообраќајна несреќа во која за жал старец од Скопје го загуби животот. По несреќата, Алачки се затворила во својот дом и освен со најблиските од нејзиното семејство, одбивала да комуницира.
- "Таа е скршена од болка. Се разбира дека не го прегазила човекот намерно. Сето тоа е една голема несреќа и за неа и за членовите на семејството на човекот кој почина, изјави за ВЕЧЕР нејзина блиска колешка од естрадата.
"На секој што е возач, па и на пешак може да му се случи таква несреќа. Се е до сплетот на околности. Некогаш колку и да внимаваш некој друг не внимава, коментираат естрадните уметници.
Сообраќајката се случила пред два дена околу 16.10 часот на улицата "Франклин Рузвелт", поточно во близина на крстосницата со улицата "Руѓер Бошковиќ" во скопската населба Карпош. Андријана Алачки (47) од Скопје со својот автомобил "ауди" со скопски регистарски таблички удрила во скопјанецот Киро Деловски (76).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа