Пожар во текстилна фабрика во Штип
Во пожар синоќа целосно изгоре автобус,во гаража на штипската конфекција Мавис.
Со интервенција на екипи на ТППЕ Штип, пожарот е целосно изгаснат, со што било спречено истиот да се прошири и целосно да изгорат сите дванаесет автобуси, колку што ги имало во гаражата, јавува Канал 77
-Некаде по 20 часот,добивме информација од службата за обезбедување дека во фабриката има запален автобус.Се упативме со осум пожарникари и две возила.Беше многу тешко да за работа,затоа што имаше паркирано 10-12 автобуси а растојанието меѓу нив беше околу 50 сантиметри.Гледавме да ги спасиме другите автобуси.Тој што беше запален целосно изгоре.Само автобусот до запалениот имаше три испукани стакла.Пожарникарите со помош на службата за обезбедување на фабриката го изгаснаа пожарот за околу 25 минути-информира Киро Патраклиски, раководител на ТППЕ Штип.
Надлежните органи ја утврдуваат причината за пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа