Се огласи семејството на пешакот кој го прегази Алачки - татко ми ги почитуваше сообраќајните правила

 

 

Семејството на загинатиот пешак Kиро Деловски кого го прегази автомобилот што го управувала познатата фолк-пејачка и ТВ-водителка Андријана Алачки, е во шок откако дознало за трагедијата. Како што пишува Дневник, синот на сега починатиот поминал во близина на местото на настанот, но не ни можел да претпостави дека се работи за неговиот татко. 

- Бидејќи не се врати дома, по некое време го побаравме на мобилен телефон. Наместо татко ми, се јави некој од клиника и ни рече дека тој е тешко повреден во сообраќајка. Веднаш отидов на местото, а полицијата вршеше увид. Таму беше и госпоѓата Алачки - изјави Зоран за Дневник.

- Што и да кажам нема да го вратам татко ми. Загубивме прекрасен човек. Најмногу ме боли што иако беше во години, тој беше витален човек. Kако се случила несреќата ќе биде познато откако ќе заврши истрагата. Факт е дека сообраќајката била во близина на пешачкиот премин, но дали татко ми бил удрен на самата зебра, па од ударот паднал подалеку, ќе покаже истрагата - изјави Зоран.

Според него, татко му бил принципиелен човек кој ги почитувал правилата во сообраќајот.

- Тој беше интелектуалец кој долги години живееше во Франкфурт и знаеше што е сообраќајна култура. Локвата крв е на десетина метри од пешачкиот. Од ударот му била скршена бутната коска, а по ударот прелетал преку покривот. Фатални биле повредите што ги добил на главата при падот - вели внукот.

Познатата фолкерка, која вчера не сакаше да го коментира случајот, во време на сообраќајката возела „ауди А4“. Во полицискиот билтен на МВР стои дека сообраќајната несреќа се случила во 16.10 часот кога скопјанката А.А.(47) управувајќи автомобил „ауди А4“ удрила во пешакот Kиро Д.(76) од Скопје. Пешакот со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар каде што подоцна починал.

Извор: Дневник

10.10.2014 - 10:50
Фото: 
вест


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега