Американски компании ќе се запознаат со можностите за водење бизнис во Македонија

 

Владина делегација, предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски,  ќе ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија пред бизнис заедницата на Далас, Соединетите Американски Држави.

На бизнис форумот што ќе се одржи денеска, во 12:00 часот по локално време, ќе учествуваат претставници на голем број компании од областа на информатички технологии, финансиски и аутсорсинг услуги.

По завршувањето на форумот, делегацијата во чиј состав се и министрите за странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, извршниот директор на ДТИРЗ Виктор Мизо и економскиот промотер  Васко Давидовски, ќе одржи и поединечни средби со раководството на низа компании, кои се заинтересирани за проширување на нивните капацитети во Европа.

- Овој вид средби имаат за цел да им овозможат на претставниците на компаниите директно и детално да се запознаат со инвестициските можности и предности кои ги нуди Република Македонија, во однос на своите конкуренти на глобалниот пазар, се вели вос оопштението.

10.10.2014 - 14:49
Фото: 
денар


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега