Поминав на Рузвелтова и ја видов сообраќајката но не ни помислив дека е татко ми

 

Синот на загинатиот пешак Kиро Деловски, кој завчера беше удрен од автомобилот што го управувала познатата фолк-пејачка и ТВ-водителка Андријана Алачки, а потоа почина во болница, минал во близина на местото на несреќата, но не знаел дека е татко му. Трагичната вест до него дошла подоцна, пишува весникот Дневник.

Зоран Деловски кога се вратил од работа се обидел да контактира со татка си зашто се посомневал дека можеби нешто лошо му се случило.

- Бидејќи не се врати дома, по некое време го побаравме на мобилен телефон. Наместо татко ми, се јави некој од клиника и ни рече дека тој е тешко повреден во сообраќајка. Веднаш отидов на местото, а полицијата вршеше увид. Таму беше и госпоѓата Алачки – изјавил Зоран за весникот.

- Што и да кажам нема да го вратам татко ми. Загубивме прекрасен човек. Најмногу ме боли што иако беше во години, тој беше витален човек. Kако се случила несреќата ќе биде познато откако ќе заврши истрагата. Факт е дека сообраќајката била во близина на пешачкиот премин, но дали татко ми бил удрен на самата зебра, па од ударот паднал подалеку, ќе покаже истрагата – вели Зоран.

Познатата фолкерка „ауди А4“. Во полицискиот билтен на МВР стои дека сообраќајната несреќа се случила во 16.10 часот кога скопјанката А.А.(47) управувајќи автомобил „ауди А4“ удрила во пешакот Kиро Д.(76) од Скопје. Пешакот со тешки повреди бил пренесен во Ургентниот центар каде што подоцна починал.

 

 

10.10.2014 - 22:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега