Леа Сејдоу избрана за нова „Бонд девојка“
Француската актерка Леа Сејдоу е избрана за улогата на нова девојка на Џејмс Бонд.
Сејдоу, која има 29 години, победи во силната конкуренција и ќе глуми во новиот филм за Џејмс Бонд, каде агентот 007 повторно ќе го толкува Даниел Креиг.
Француската актерка настапи во филмот „Невозможна мисија 4„ како и во хитот на Квентин Тарантино „Неславни копилиња“. Таа е позната по бројните улоги во француските филмови, вклучувајќи го и филмот „Сината е најжешка боја“, кој минатата година беше награден на Канскиот фестивал.
Сејдеу, тогаш го фасцинира фестивалското жири, меѓу кои беа и Стивен Спилберг и Никол Кидман, кои бараа режисерот на филмот да ја подели фестивалската наградата со неа.
Инаку, снимањето на новиот филм за агентот 007, кој засега има работен наслов „Бонд 24“, започнува за шест недели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа