Барате работа? - утре стартува Саемот за вработување

Можноста за сите оние кои се невработени и активно бараат работа на пазарот на труд, се вика Саем за Вработување, кој утре ќе се оддржи во СЦ Борис Трајковски. 

Дополнително, ова е одлична можност и за сите млади луѓе– оние кои допрва треба да се определат за својата идна професија, да ја разгледаат побарувачката на кадар и професии кои се посакувани на пазарот на труд, за нивно брзо вработување по завршувањето на образованието.

-Утрешниот Саем за Вработување, прв од овој вид, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, ќе ги претстави најголемите компании во Република Македонија и можностите кои истите ги нудат. Саемот ќе биде поделен на сектори според дејноста на компаниите, со цел полесна навигација, според личните преференци, на посетителите. Дополнително, на влезот на Саемот ќе бидат поставени кутии за резимеa, каде посетителите ќе можат да ги оставаат своите CV-a. Конечно, би сакал да упатам апел, до сите оние кои активно бараат работа и се невработени, да го посетат Саемот за вработување, кој нуди исклучителна можност за секој граѓанин за своја професионална реализација, изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Република Македонија.

Така, како светските метрополи, Скопје добива репрезентативен саем, на кој ќе се претстават најголемите компании кои дејствуваат во Република Македонија. Првиот Саем за вработување, ќе се оддржи утре, од 10 до 17 часот, во СЦ Борис Трајковски. Истиот е во организација на Агенција за вработување на Република Македонија.

 

13.10.2014 - 12:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега