Првите решенија за отпис на долговите на крајот на октомври
Првите решенија за еднократен отпис на долгови се очекува кон крајот на месецов, во последната недела од октомври, соопшти денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на денешниот прв Саем за вработување, Спасов рече дека заклучно со вчера се поднесени 41.817 барања за отпис на долговите.
- Може да пристигнат во меѓувреме и други барања пратени по пошта, но ова а финалната бројка, потврдена вчера до 18 часот до кога беше последниот рок за поднесувања барања за отпис на долговите, нагласи Спасов.
14.10.2014 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа