Италијанска компанија ги разгледува можностите за инвестирање во Македонија

 

Сопственици на италијанска меѓународна компанија, која има над 10.000 вработени во Италија и Романија, деновиве беа во посета на Македонија со цел да ги разгледаат можностите за отварање на контакт центар. 

Домаќин и организатор на посетата е министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, а посетата е договорена на неговиот состанок со основачите на компанијата во јуни на бизнис патување во Италија. 

- Сопствениците на компанијата се позитивно изненадени од поволната бизнис клима во Македонија. Компанијата ќе донесе вработување на млади факултетски образовани луѓе, со добри јазични вештини по италијански, германски и англиски јазик, изјави Наумоф.

Тој посочи дека резултат од истото патување во Италија е официјалното отворање на канцеларијата во Скопје на претставник на Адвокатската фирма Студио Легале Алесандро и Франческо Дањино, која има свои канцеларии во Милано, Рим и Палермо. Канцеларијата во Македонија, која ќе им служи на италијански клиенти, веќе има неколку вработени.

15.10.2014 - 11:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега