Во август намален прометот во трговијата на мало

 

Прометот во трговијата на мало во август годинава бележи намалување во споредба со истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Гледано по групи и класи, намалување на прометот во трговијата на мало номинално за 9,8, а реално за 8,5 проценти е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун,  кај Трговија на мало, освен трговија со горива номиналното намалување е за 4,4, а реалното за 3,7 отсто, додека кај Трговија на мало со автомобилски горива номиналното намалување е за 5,3, а реалното за 2,5 проценти. 

15.10.2014 - 14:03


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега