Предлог-буџетот пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 18. седница на која ќе го разгледа Дополнетиот предлог на буџет за 2015 година.
Вкупните приходи во Предлог-буџетот се проектирани на 163 милијарди и 280 милиони денари, односно се повисоки за пет проценти, а расходите се повисоки за четири проценти и ќе изнесуваат 181 милијарда 777 милиони денари.
Бруто домашниот производ е проектиран со раст од 4 проценти, инфлацијата е на 2 отсто, а буџетскиот дефицит е понизок од годинашниот и изнесува 3,5 проценти.
На дневен ред на 18. седница е и Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2014 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа