Њу Џерси ќе ужива во македонско вино

 

Шест винарии, Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Камник и Попова Кула, денеска во Њу Џерси заеднички ќе го промовираат најдоброто од македонската винска индустрија.

Винарите цела недела, со поддршка на здружението „Вина од Македонија“,  престојуваат во САД, еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино каде извозот секоја година повеќекратно расте. Завчера ги преставија своите производи во еден од елитните ресторани во Њујорк пред увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Промовирањето на македонските вина финансиски го овозможи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а организацијата ја помогнаа Конзулатот на РМ во Њујорк, како и екомоскиот промотор во Чикаго. 

16.10.2014 - 10:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега