Хорор во Србија: Момче масакрира двајца бездомници- со мартинки им ги смачкал главите

Скинхедот Петар Томиќ (19) синоќа во Рашка, Србија извршил злосторство какво што не е запаментено изминативе десет години во Србија.

Тој ладнокрвно ги убил двајцата бездомници Драгослав Јевтиќ (70) и Денис Пензел (45).

Убиството го извршил во раните утрински часови на автобуската станица, шутирајќи ги со „мартинките“ во глава. Денеска ужасна и крвата слика сè уште сведочеше за настанот.

Според пишувањата на српските медиуми, бездомниците спиеле покрај пероните кога Томиќ им се приближил и почнал да ги удира.

Дека нешто чудно се случува, забележал дежурниот диспечер, кој го забележал Петар како се обидува да скрши излог од бифето за да се измие од крвта.

Тој повикал полиција, која веднаш го уапсила убиецот.

Томиќ се бранел со молчење.

16.10.2014 - 11:11


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа