Вучиќ за инцидентот: Ова беше страшна провокација

Србија ќе остане вистински столб на стабилноста на Западен Балкан и тоа ништо не може да го загрози, порача српскиот премиер Александар Вучиќ во изјава за Си-ен-ен, по повод инцидентот на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија.

 

– Ова беше страшна провокација, Не знаеме кому тоа му требаше, но факт е дека на стадионот беа присутни само албански претставници. Се надеваме дека ќе ја надминеме оваа глупава ситуација, рече Вучиќ.

 

 

Како што јави Танјуг, Си-ен-ен, ја емитуваше изјавата на српскиот премиер во рамки на прилогот за натпреварот меѓу Србија и Албанија, што е прекинат во 42-та минута по инцидентот со албанското знаме.

16.10.2014 - 11:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега