Трифун Костовски не платил царина за јахтата - државата му ја конфискувала

 

Трифун Костовски ретерира од претходно искажаните стаовви за хратски, Бизнис Пипл, дека претседателот Иванов се вози со неговата јахта во Охрид. Тој за утрински весник вели дека погрешно му била пренесена изјавата и дека рекол, оти си ја видел јахтата на Охридскиот маратон чиј покровител е претседателот. Од кабинетот на Иванов во повеќе наврати реагираа дека претседателот ниту поседува, ниту пак ја користел јахтата на Костовски.
Се огласи и царинската управа. Од таму за Утрински велат дека пловилото му било одземено на Костовски бидејќи за него не сакал да и плати царина на државата.
„По истекот на законски дозволениот рок, сопствениците место да ги изнесат надвор од територијата на Македонија или да ги стават пловилата во царинско дозволено постапување, т.е. да ги увезат и регистрираат во Македонија, спротивно на царинските прописи ги користеле на територијата на Македонија. По спроведени царински прекршочни постапки, Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа и во двата случаја донесе решенија со кое на прекршителите им се изрекува глоба, а пловилата се одземаат. По поднесени жалби од прекршителите, Управниот суд ги потврдува решенијата за одземање на пловилата донесени од страна на Царинската управа, а по правосилноста на решенијата, пловилата се предадени во надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот“, велат од Царинската управа за Утрински

најчитано сега