Путин: „Јужен поток“ не може да биде реализиран еднострано

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Белград изјави дека проектот „Јужен поток“ не може да биде реализиран еднострано, но е длабоко убеден дека тој е корисен за европските потрошувачи.

- „Јужен поток“ не може да биде реализиран еднострано, ако нашите партнери уште мислат на него. Тоа е како во љубовта - таа може да биде среќна само доколку двајцата учесници во овој прекрасен процес сакаат да ги продолжат тие односи, рече Путин во одговор на прашање на Танјуг за перспективите на реализацијата на овој проект.

Тој посебно внимание посвети на тоа дека слични дискусии се воделе и кога бил граден гасоводот „Северен поток“, а дека „сега, кога е изграден, сите се среќни“, и изрази уверување дека иста е ситуацијата и со „Јужен поток“.

- Длабоко сум убеден дека проектот е корисен за европските потрошувачи, рече рускиот претседател, потенциирајќи дека политиката и штети на економијата и во извесен степен ја намалува конкурентската способност на европската економија. 

16.10.2014 - 18:37


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега