Деветгодишно детенце се бори за живот на скопските клиники
Уште една сообраќајка ја потресе Македонија. Девет годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа, која се случила утрово околу 10 часот, на регионалниот пат Гостивар-Градец.
Според податоците, во непосредна близина на училиштето „Наим Фрашери", автомобил "Форд фокус" со тетовски регистерски таблици, што го управувал 19 годишниот Ш.С. од Градец, налетал на девојчето кое се обидувало да ја премине улицата. Тоа за жал од ударот се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница е префрлено на скопските клиники, каде се бори за живот.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа