Додека градоначалникот е во притвор некој си игра со неговиот Фејсбук

Несомнено овие два дена вест број еден во регионот е хрватскиот градоначалник Милан Бандиќ кој вчера загрепската полиција го уапси по налог на службата за справување со корупцијата.
Апсењето било круна на повеќемесечната акција на полицијата покрената за да се разоткријат незаконитостите во работењето на Градот Загреб и Загребскиот холдинг.
Полициијата извршила детален претрес во неговата куќа, како и во неговата канцеларија а најавени се кривични пријави поради поголем број коруптивни дела и злоупотреба на службената положба.
Но она што е навистина интересно е тоа дека додека тој е во притвор, неговиот профил на Фејсбук е активен. Освен пораките за поддршка од оние кои сметаат дека тој е најдобриот градоначалник кој Загреб некогаш го имал, утрово беа објавени и фотографии од некој кој очигледно има пристап до неговиот профил. На неговиот Фејсбук профил се појави фотографија од Бандиќ на која држи буќет цвеќе.

-Во недела наутро цвеќиња и колачи за сопругата Весна, пишува под фотографијата.

20.10.2014 - 17:14


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега