Со калашников пукале во охридска кафана - притвор за насилниците кои го стресоа Охрид

 

Охриѓаните Б.П.(33) и Т.Н.(42), ќе одговараат за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“, откако на 31. мај направиле хаос во кафеаната „Беко“ во Охрид.

Според информациите од полицијата, двајцата охриѓани, на 31. мај годинава, се опијаниле во кафеаната „Беко“ и почнале да ги вознемируваат гостите. Оттаму биле избркани поради несоодветното однесување, но, за кратко време се вратиле пијани, бесни и вооружени. Б.П. влегол во „Беко“ и од автоматска пушка и пиштол кои ги поседувал без одобрение испукал неколку проектили, оштетувајќи го инвентарот на кафеаната. Охриѓанецот излегол надвор и продолжил да пука кон објектот. По интервенцијата на полицијата, двајцата охриѓани биле приведени. Во возилото на Б.П. полицијата пронашла торбица со 68 куршуми за автоматска пушка кал.7,62 мм и кундак за пушка.

Истражен судија на двајцата охриѓани им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

најчитано сега