Уште еден екс-пратеник на СДСМ меѓу уапсените утрово
Душан Николовски е вториот поранешен пратеник на СДСМ меѓу осомничените за криминал тежок 2,5 милиони евра кои полицијата ги уапси утрово. Николоски во два наврати бил пратеник во македонското Собрание од редовите на СДСМ во периодот 1991 до 1998 година. По расколот во СДСМ, Николовски заминува во редовите на НСДП, партија од која во 2009 година беше кандидиран за градоначланик на Прошбиштип
Магиестерот по рударско - геолошки работи во својата кариера бил директор на повеќе компании меѓу кои рудниците Злетово, РМХК, Злетово-Саса како и компанијата Сувенир Самоков.
Предавал и на едена високобразовна институција во земјава.
Се сомничи дека заедно су уште 8 лица преку офшор компании исппрал околу 2,5 милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа