Пукање во Скопје

 

Во два часот по полноќ е пријавено во полиција дека во Градската општа болница-Скопје, околу полноќ бил донесен 20-годишниот Ф.А. со две прострелни рани од огнено оружје.

МВР денеска соопшти дека Ф.А. бил повреден во близина на ул. „Кемал Сејфула”, а како можен сторител е посочен 17-годишниот И.Е. од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

21.10.2014 - 13:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега