Германец се обидел да ги надитри македонските цариници

 

Пред четири дена од страна на полициски службеници во близина на Граничниот премин „Табановце“, кај клучката за влез во село Табановце, било сопрено возило марка „Мерцедес Вито“ управувано од 58-годишниот Е.Ш. од Германија. При извршен преглед, според податоците од полицијата, била пронајдена поголема количина акцизна стока и тоа десет пакети по 12 шишиња вотка „Корона“ од 0,5 литри, девет шишиња коњак „Мане“ од 0,5 литри и едно шише вотка „Империјал Голден Сноу“ од 0,7 литри. 

Германецот ќе си заработи соодветна кривична за делото.

21.10.2014 - 14:13


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега