Откриена причината - еве зошто Небојша го убил пекарот од Македонија

Четириесет годишниот Небојша Војновиќ викан Неша, од Бегеч, го призна убиството на пекарот Слободан Стојановски (62) викан Кича, и до детали го опиша злочинот. Тој навел дека го избодел Стојановски со нож бидејќи го навредувал додека пиеле заедно.

- Пиевме заедно таа вечер, јас пиво, а тој вињак и пиво. Ме нервираше цело време бидејќи ме нарекуваше со погрдни имиња. Ми дојде преку глава од тоа. Во еден момент ми падна мрак на очите, го зедов ножот и го убив, раскажа Војновиќ, на кого му требаа два дена за да го признае свирепото убиство.

По злосторството Војновиќ си заминал дома.

- Прво го скрив ножот, кој во последно време го носев со себе. Ја соблеков облеката која беше крвава. Ја запалив и чекав да изгори. Се избањав, проверив дали некаде имам траги од крв и потоа се облеков. Кога бев сигурен дека сите траги ги отстранив од себе, се вратив во пекарата, изјави Војновиќ, додавајќи дека за брзо време смислил алиби.

Тој ја повикал полицијата и го пријавил злосторството со намера истрагата да ја насочи во друг правец, а себеси да се прикаже како чесен човек. Меѓутоа, на инспекторите неговата приказна од почетокот им била сомнителна.

- Го затекнавме видно пијан. Рече дека дури и пробал да му пружи помош на Слободан, дека му го масирал срцето и му давал вештачко дишење, соопшти извор на српски Курир.

Сепак, Војновиќ е веднаш приведен. На сослушувањето ја негирал вината, но полицијата набрзо во дворот на неговата куќа, во септичката јама, го нашла ножот со кој е извршено злосторството. Покрај ножот, помеѓу фекалиите е најден и пластичен пиштол, кој Војновиќ го користел за разбојништва. 

Поточно, Војновиќ во април излегол од затвор поради амнестија, за разбојништво кое го сторил во Нови Сад со уште двајца соработници. Тој е татко на три деца, но е разведен.

21.10.2014 - 16:38


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега