Драма на автопатот кај Куманово: Се запали Бугарин од киселините што ги превезувал

 

На автопатот Куманово-Скопје И.С.К.(67) од Бугарија, вчера управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со бугарска национална ознака, во кое превезувал 12 туби со хемикалии-киселини, забележал чад од просторот наменет за товар. 

Тој застанал со возилото, ги искинал царинските пломби и внатре забележал пожар, по што изнел надвор девет пластични туби со по 50 литри течност-киселини, а пожарот сам го изгаснал.

При гаснењето на пожарот тој се здобил со изгореници по телото, по што е пренесен во Медицински центар Куманово, од каде е префрлен во Ургентен центар Скопје.

Киселините се разлеани на коловозот, а сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за престигнување.

21.10.2014 - 19:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега