Пукање пред Групчин - еден повреден

 

На автопатот Тетово-Скопје на околу 2 километри од клучката за Групчин, 46-годишниот Љ.А. од тетовско Ново Село денеска околу 10 часот бил пронајден со повреди од огнено оружје. На тетовчанецот му била нанесена прострелна рана во десната натколеница.  

Повредениот веднаш бил префрлен во клиничката болница во Тетово каде откако му била укажана лекарска помош бил упатен на скопските клиники. До повредениот имало траги од крв и нож на расклопување кои биле земени за вештачење.

Полицијата веќе има осомничен за делото но се работи на точно утврдување на неговиот идентитет.

21.10.2014 - 22:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега