Мариово ќе заживее со новите инвестиции
Инвестицијата од 250 милиони евра и био-рафинерија во Мариово ќе го заживеат овој голем речиси напуштен регион во земјава, сметаат стручњаците консултирани за големиот инвестициски зафат. Со мерките за заштита на околината, во Мариово има доволно земја за користење и чување, анализира МРТ.
Некогашните жители емотивни за заживување на родиот крај. Дали големото Мариово ќе се оттргне од заборавот и ќе заживее? Што значи ирско-американската инвестиција од 250 милиони евра за изградба на био-рафинерија за етанол?
Научниот советник по агро-економија Љупчо Попоски, вклучен во состанокот во Прилеп за овој голем зафат смета – Проектот навистина е во правец да го заживее Мариово. Има природни реурси. Земја и за чување и за засадување. Со сите мерки за заштита на околината, можностите се големи.
„Има многу ресурси, природни ресурси, кои обезбедуваат, биолошки, таква маса. Ако се внимава на се, изградбата би била се во ред. Ќе добиеме уште еден индустриски објект, ќе вработи толку луѓе“, вели за МРТ д-р Љупчо Попоски, научен советник по агроекономија.
Етанолот е био гориво што се добива од различна растенија. Компатибилно е со сите горива. Според најавите ќе се засадат 15 000 хектари.
„Исклучиво е за да ја намали емисијата за штетни горива од фосилните горива што се употребуваат во автомобилската индустрија“, вели Попоски.
Прилепско Мариово се простира на 695 километри квадратни. Од некогашните преку 2000, има само 450 жители.Мариовци, каде и да се, не гии раскинале нишките со родниот крај, живо заинтересирани за неговата иднина.
Некогашниот наставник Стојко Крајоски емотивно ги доживува најавите дека речиси пустото Мариово ќе заживее.
„Илјада вработувања – тоа е многу народ. Се надевам дека ќе се вратат педесеттите и шеесетите години, ќе заживе Мариово, таа енергија што ја имаат луѓето.Кога имаме таков економски бум за Мариово, верувам дека ние жителите од Мариово, ќе имаме многу поголема соработка, сплотеност и интерес за уште поголем развој“, вели Стојко Крајоски, поранешен жител на Мариово.
На симпозиум ќе се расправа за перспективите на Мариово. Био-рафинеријата треба да се гради во 2016, со капицитет од 100 милиони литри за светскиот пазар. На Македонија треба да и донесе потенцијални 100 милиони евра годишен извоз и вработувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа