ФОТО: Ова е Валентина - „тетката“ на кокаинот на три континенти

Валентина Туфина е уапсена во јуни годинава од страна на косовската полиција и се смета за „мозок“ на моќни нарко дилери кои имаат развиена мрежа преку Латинска Америка кон Европа. Интерпол деновиве објави дека таа е меѓу илјадниците луѓе по кои е распишана потерница.

Позната по прекарот „Тетка“, Валентина патувала на три континенти за еден месец за да тргува со хероин и кокаин. Таа според обвинителството се товари за тешки кривични дела.

Педесет годишната жена, која по струка е хемиски инженер на 23-ти јули патувала од Тирана за Словенија, а истиот ден со транзител лет заминала од Љубљана за Германија каде останала на меѓународниот аеродром во Минхен.

Од Германија следниот ден заминала за Пекинг, а на 25-јули од Пекинг полетала за Шангај. Истиот ден заминала за Мелбурн, Австралија.

Уапсена е во Косово.

22.10.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега