Тетовчанец стоел на автопат - го изрешетале со куршуми
Крвав настан се одвивал синоќа на автопатот Тетово-Скопје во близина на клучката кај село Групчин. Според податоците од полицијата, засега непознат сторител од пиштол испукал неколку куршуми кон 46-годишниот Љ.А. од тетовското село Ново Село, кој стоел на автопатот, при што му нанел прострелна рана во пределот на ногата.
Љ.А. е пренесен во Медицинскиот центар Тетово, а поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
22.10.2014 - 12:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа