Семинар за политики во областа на цврстиот отпад, загадување на почвата и водостопанството

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, амбасадорот на Белгија Аник Ван Калстер и претседателот на валонската Агенција за инвестиции, Филипе Суинен, денеска ќе се обратат на семинарот „Стратешки избор и имплементација на политики во областа на цврстиот отпад, загадување на почвата и водостопанство: примерот на регионот Валонија во Белгија“.

Семинарот е организиран со цел размена на искуства меѓу белгиските и македонските компании во делот на управувањето со отпадот и водите, а е резултат на досегашната билатерална соработка меѓу овие две земји.

ФОТО: Влада.мк

 

 

најчитано сега