Полицијата на Косово уапси шест лица за трговија со луѓе

 

Косовската полиција уапси денеска во градот Урошевац шест лица, под сомнение за трговија со луѓе, јави Танјуг.

Уапсените се обвинети дека со цел трговија со органи, тие „регрутирале, контролирале и предале една млада Албанка“. Со тоа оствариле одредена заработка.

Извршена е и рација во домот на еден од осомничените, во кој е пронајден и конфискуван пиштол, нож и два телефона. 

Осомничените се на распит во полиција.

22.10.2014 - 17:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега