Вооружен дедо направи драма во Струга
Вистинска драма се случила вчера во Струга на улицата „Ристо Крле“. 70-годишниот Н.М. од село Мислодежда заѕвонил на вратата, каде му отворил 39-годишниот А.Н. при што старецот веднаш му вперил пиштол „Црвена Застава М-57“ кал.7.62 мм, кој го поседувал со дозвола, го турнал внатре и почнал да пребарува и да ја бара Ѓ.П.Н., која живее во истиот стан. Притоа се заканувал дека ќе ги убие ако не му врати 500 евра кои му биле украдени од станот.
Откако се уверил дека истата не е во станот, се заканил дека кога ќе ја види ќе ја убие и го напуштил лице местото.
23.10.2014 - 12:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа