Информирајте се за „Купи куќа, купи стан“
Прв саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи од утре до 28-ми овој месец во Скопје сити мол. Граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој, како што наведуваат од Министерството за финансии, дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.
Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни повластици и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа