Сите информации на едно место - прв саем за „Купи куќа, купи стан“

 

Првиот саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе  почне денеска во Скопје сити мол. Граѓаните на едно место ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да ги остварат сите контакти за проектот кој, како што наведуваат од Министерството за финансии, дава и до 14.000 евра неповратни средства за купување нов дом.

Министерството за финансии, банките и градежните компании ќе ги запознаат граѓаните со условите на „Купи куќа, купи стан“ и понудата на станови и куќи на пазарот на недвижности. Граѓаните ќе можат да се консултираат со луѓето од Министерството за финансии лично и да се посоветуваат кој модел од проектот најмногу им одговора и кои чекори треба да ги преземат за да аплицираат. Посебни поволности и попусти корисниците на проектот ќе добијат од компании за мебел, бела техника и осигурување, кои сакаа да дадат поддршка на иницијативата.

Саемот ќе трае до 28-ми овој месец. 

Проектот беше промовиран во јануари 2012 година. Досега 331 семејство го решиле станбеното прашање преку овој проект. Граѓаните повеќе се решаваат за купување стан, односно од овие 331 семејство меѓу 270 и 280 се одлучиле за стан.

Проектот продолжува и наредната година. На граѓаните им се нудат два модела - половина рата за купување стан и 75 проценти за изградба на куќа. И вториот модел е учество.

24.10.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега