Гостивар: Им го „здиплиле" златото вредно 70.000 евра

Поголема количина златен накит чија вредност се проценува на седумдесет илајди евра е украдена од куќа во гостиварска Долна Бањица.

Случајот во полицијата вчера го пријавил 46-годишниот Ф.Б. инаку сопственик на куќата во која постојано живее со семејството.

По извршениот увид било утврдено дека во периодот од 16-ти до 23-ти октомври, непознат сторител влегол во домот и од дневната соба ја испразнил кутијата во која се чувал накитот. Според сопственикот во кутијата имало повеќе парчиња златни лири, синџири, прстени, нараквици и друг накит кои биле сопственост на неговите ќерка и брат и му биле оставени на чување.

Гостиварската полиција работи на расветлување на случајот.

24.10.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега