Несреќа во Гостивар: Со кранот закачил жици од бандера – го спржила струја

Додека истоварал камион со кранотпотфатил жица од бандера и на лице место починал од струен удар. Бизарна несреќа попладнево околу 16 часот се случила во Гостивар кога 34 годишниот Ружди Т. Во фирмата „Џиџи Комерц“ го растоварал камионот дознава Прес24.

 

Во тој момент кранот ги закачил жиците од блиската бандера, при што Ружди го удрил струен удар и починал на лице место. Од полицијата и официјално ги потврдуваат инфорнаациите на Прес 24.

24.10.2014 - 17:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега