Ова се повредените во пукањето во штабот на ДУИ во Сарај

Петмина се ранети, а еден од нив е тешко повреден откако вечерва избила тепачка на партиски состанок на ДУИ кој се одржувал во огранокот во Сарај, дознава НОВА. 

- Во болница е примено лицето Јакупи Зејди, викан Дади, и неговиот брат Јонуз Јакупи. За останатите ве молиме јавете се утре, велат болнички извори за Вечер. 

Според неофицијални информации пресметката се случила по несогласувања помеѓу приврзаници на Рафиз Алити и Блерим Беџети.  Токму ранетите за кои Вечер доби потврда се блиски со Блерим Беџети. Јакупи Јонуз е вработен во АРМ, а двајцата браќа се од Кондово.  Извори за НОВА велат дека настанот се случил пред околу 4 часа кога по вербалната расправија дел од присутните извадиле пиштоли и започнале да пукаат. Еден од петмината повредени е во животна опасност.  Полицијата засега не соопштува детали за инцидентот. 

25.10.2014 - 00:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега