Оваа вест не смеете да ја пропуштите ако седнувате во автомобил

 

На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.

 Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

 АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 Според информација од ГЕИНГ инженеринг, за потребите за „Извршување на геотехнички истражни работи и изработка на Технички решенија - Основен проект за Санација на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони - свлечиште на патот Р1202 Маврово – Дебар“, од 20.10.2014 до 31.10.2014 се изведуваат активности, а сообраќајот се одвива непречено.

- Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од З.П. Кула - до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што епоставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 - На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

 - На патниот правец Велес-Штип се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово.

 - Од ГЕИНГ инжинеринг информираат дека за проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. се започна со активности на патиштата,  односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци:

 - на државен пат Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак

-  на државен пат  А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево

-  на државен пат  Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени)

-  на државен пат Р1402 (Р-605),  делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево

-  на државен пат  Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – Воѓани

 Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.

 На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

25.10.2014 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега