Оглас за користење на средства наменети за земјоделските стопанства

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството денеска објави оглас за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој наменети за земјоделските стопанства.

Средствата се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги и за организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи. Средствата се наменети и за помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување во висина не поголема од 70 проценти од трошокот за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од мал обем и 80 проценти за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000 денари на годишно ниво.

- Финансиската поддршка се доделува во износ од 100 проценти од вкупно прифатливите трошоци за спроведување на предвидените активности во програма за работа на земјоделската задруга и може, по барање на корисникот, да се додели на две рати, појаснува Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството во денешното соопштение.

Доделената финансиска поддршка е неповратна, а крајниот рок за доставување на барањата е 7 ноември.

Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството истакнуваат дека барањата доставени по предвидениот рок, нема да бидат разгледувани. 

Дополнителни информации може да се добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460, на е-маил адресата [email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

25.10.2014 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега