Алити: Немаше крв на состанок на ДУИ

Пратеникот од ДУИ Рафиз Алити чие име се споменува во контекст на вчерашната тепачка во Сарај тврди дека не било точно дека партијата имала состанок во огранокот таму, а вчера како што вели не се одржал состанок ниту во кој било друг огранок на партијата, јавува Телеграф

Во краткиот разговор тој вели дека тепачката се случила во чајџилница во Кондово и дека не ги знаел мотивите за неа.  Новатв јави дека петмина членови на ДУИ се повредени, од кои еден потешко во инцидентот што се случил на состанок на ДУИ во просториите на партијата во Сарај, односно станува збор за пресметка на приврзаници на Рафиз Алити и на Блерим Беџети

Тројца од ранетите примени се на Ургентен на Клиника, и сега се во стабилна состојба.  - Примени се тројца со повреди по целите тела. Двајца се на интензивна, еден е на трауматологија, изјави за Телеграф Д-р Илир Хасани од Ургентниот центар.  

Вечер вчера јави дека во болница е примено лицето Јакупи Зејди, викан Дади, и неговиот брат Јонуз Јакупи. Тие прво биле нападнати од приврзаници на Алити, пред "некоја продавничка" во Сарај, јаделе ќотек, ама избегале, се вратиле со пиштоли и почнала престрелка.  Токму ранетите за кои Вечер доби потврда се блиски со Блерим Беџети. Јакупи Јонуз е вработен во АРМ, а двајцата браќа се од Кондово.  Според нашите неофицијални информации, Беџети и Алити не биле присути кога се случувала престрелката. 

Фотографии од застреланите браќа, од кои еден работел во АРМ можете да погледнете тука

25.10.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега