Тетово: Му влегле дома и му „здиплиле" 44.000 евра

Околу 44 илјади евра биле украдени вчера од куќата на 67-годишниот А.М. што се наоѓа на улица „Цветан Димов“ во Тетово. Засега непознати сторители вчера во периодот меѓу 9 и 20 часот додека немало никого во куќата насилно ја отвориле дрвената влезна двокрилна врата по што од кожена женска чанта што ја нашле во спалната соба на катот одзеле повеќе парчиња златен накит, ќустеци, алки, лири, комплет ланчиња, како и поголема сума евра и швајцарски франци и незабележни од никого ја напуштиле куќата.

Вкупната штета од оваа тешка кражба изнесувала 43.900 евра. 

 

25.10.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега