Кумановчанка почина на лице место - македонската полиција трага по несовесен возач

Во текот на вчерашниот ден во 18 часот и 30 минути на автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“, под надвозникот од улицата „11-ти Октомври“, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило со странски регистарски ознаки, удрило во пешакот 32-годишната кумановчанка Марија Н. и по незгодата избегало од местото на настанот.

Кумановчанката за жал починала на лице место. Телото е предадено на обдукција.

Полицијата трага по несовесниот возач.

25.10.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега