Брза пита со јогурт
- 2 јајца
- 125гр масло
- 500гр брашно
- 200 мл јогурт
- 1 пециво
- 100-200гр сирење
- 100-200гр рендана шунка
- Сирењето и шунката ги рендаме. Останатите состојки сите заедно ги мешаме(може со лажица). Додадете ги ренданите шунка и сирење(ако не е солено сирењето додадете и сол).
Печете на 200 степени додека питата не зарумени на намрсена тава.
Извор: Мои рецепти
27.10.2014 - 11:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа