Новинар избоден со нож во редакција во Косово

 

Новинар на приштинската ТВ Клан денес бил избоден со нож во просториите на редакцијата.

И од телевизијта објавија дека нивниот новинар Миљот Хашимја бил нападнат со нож на работното место, откако напаѓачот упаднал во просториите на телевизијата.

Новинарот бил префрлен во болницата во Приштина и е надвор од животна опасност, а напаѓачот е уапсен од страна на полицијата.

Тамошните медиуми пишуваат дека новинарот бил нападнат поради одреден запис на Јутјуб, за кој претходно добил предупредување да го тргне од интернет каналот.

27.10.2014 - 15:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега