Иванов ќе ги прими акредитивните писма на амбасадорите на Данска и на Алжир

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска во Република Македонија, со седиште во Виена, Лиселоте Плеснер. 

Иванов ќе ги прими и акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир во Република Македонија, со седиште во Букурешт, Таоус Џелули. 

28.10.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега