Две македонски компании добија европска награда за квалитет

 

Европска награда за квалитет што ја доделува Global Trade Leader’s Club во Париз добија две македонски компании. За квалитет во гастрономија, ресторанство и хотелиерство наградата ја доби „Хацат“, а за квалитет во градежништвото компанијата „Адора инженеринг“. 

 

Компанијата „Хацат“ работи од 2001 година. Основна дејност и е производство, дистрибуција на оброци и кетеринг сервис. Дневно произведува и испорачува околу 4.800 оброци (доручеци, ручеци и вечери) за потребите на Клинички Центар – Скопје. Снабдува и дистрибуира оброци и за неколку градежни компании. Има имплементирано ХАЦЦП систем и ИСО90001. Вработува 74 лица.

Адора  Инженеринг е специјализирана за изградба и проектирање на луксузно станбено – комерцијално и резиденцијални згради. Од страна на SGS е Меѓународно сертифицирана градежна компанија за квалитет ИСО 90001 : 2008 со јасно дефинирана политика за квалитет и ИСО 14001: 2004 за заштита на животната средина. 

Наградата на компаниите им беше доделена од страна на генералниот секретар  на Global Trade Leader’s Club, Рикардо Росо Лопез. 

28.10.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега