Крадците „удрија" по црквите

 

Крадците дефинитивно не запираат. Според податоците од полицијата, на планинскиот превој „Ѓавато“, покрај магистралниот пат Битола-Ресен, поточно во црквата „Св.Богородица“, непознат сторител насилно го отстранил катанецот од влезната врата, влегол внатре и одзел 7.000 денари по што избегал во непознат правец.

Во периодот од 17 часот на 21.10. до 17 часот на 27.10. во Дебар, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, непознат сторител извршил тешка кражба, при што  одзел десет икони, едно платно и две врати од олтарот.  Со употреба на дрвена скала и дрвен стап, ги откорнал металните решетки од прозорот на црквата, влегол внатре, извршил пребарување, ги зел наведените работи, ги отворил влезните врати од црквата и го напуштил лице местото. 

Полицијата трага по сторителите.

28.10.2014 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега