Полицијата пукала во Велес - осуденикот сепак побегнал

Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 40 минути на регионалниот пат Велес-Раштани, 40-годишниот Н.А. управувајки возило „ Лада Самара“ со велешки регистарски ознаки, на даден знак да запре со движењето не ја почитувал наредбата на полицискиот службеник и продолжил движејки се со голема брзина и попречувајќи го патот на полициските службеници, кои исто така се движеле со автомобил. Н.А. во неговото возило го превезувал неговиот брат, 34-годишниот Џ.А. кој се барал за издржување казна затвор во траење од четири години. Полициските службеници испукале пет предупредувачки истрели со пиштол во воздух, но Н.А. и покрај тоа не го запрел возилото и продолжил со движење за селото Бузалково, по што  влегол во дворот од куќата, а неговиот брат и се дал во бегство.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

28.10.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега