Куманово: 1000 млекари поднеле барање за субвенции

 

Околу 1000 производители на млеко од Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барање за субвенции на произведено и предадено млеко, информира Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во Куманово.

Финансиската поддршка се однесува на произведено и продадено козјо, кравјо и овчо млеко, за четиримесечен период од 1 мај до 30 септември 2014 година. Како доказ, фармерите треба да ги доставуваат и откупните белешки издадени од преработувачките капацитети.

- Фармерите треба да обезбедат и достават потврда од млекарите, изјави Бранкица Пваловска од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Рокот истекува на 5 ноември, а дотогаш се очекува вкупно околу 1300 производители да поднесат барање за користење финансиска поддршка за произведено и предадено млеко за периодот од мај до септември.

28.10.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега